SFI

SFI

Saturday, June 7, 2014

Најчести скратеници


VP (Versa Points) - Поените се главната мерка за успех во SFI. Од моменталниот збир на месечни поени зависи вашиот ранг и вашата директна заработка.
ЕА (Executive Affiliate) – Извршен соработник. Тоа е член кој во тековниот месец за прв пат освоил минимум 1500 поени.
ЕА2 - ЕА кој освоил мин. 1500 поени во тековниот месец по втор пат. Пример. Првиот месец освојувате 1500 поени и станувате ЕА. Следниот месец не успевате да освоите 1500 поени и се враќате на статус Affiliate. Потоа во наредниот месец повторно освојувате 1500 поени. Тогаш станувате ЕА2.
BTL (Bronze Team Leader) – Член кој во тековниот месец освоил мин. 3000 поени од кои минимум 1500 а најмногу 2000 од продажби. (директни или лични)
STL (Silver Team Leader) – Член кој во тековниот месец освоил мин. 4000 поени од кои минимум 1500 а најмногу 2000 од продажби. (директни или лични)
GTL (Gold Team Leader) – Член кој во тековниот месец освоил мин. 5000 поени од кои минимум 1500 а најмногу 2000 од продажби. (директни или лични)
PTL (Platinum Team Leader) – Член кој во тековниот месец освоил мин. 6000 поени од кои минимум 1500 а најмногу 2000 од продажби. (директни или лични)

Се регистрирав, што сега? Како да започнам?


Првиот ден во SFI

Се зачленив и сега што?
Ова е веројатно најчестото прашање кое го слушаат тим лидерите. Ќе се обидам детално да ви објаснам кои се генералните дневни задачи за поечтниците.
Поените VP(Versa Points) се главната мерка за успех во SFI. Од моменталниот збир на месечни поени зависи вашиот ранг и вашата директна заработка. Затоа прва задача за секој почетник е да ги искористи поволностите што ги нуди програмата за лесен почеток.
Во моментот на зачленување вие сте со статус Affiliate (соработник). Ако во првите 24 часа од зачленувањето освоите мин. 500 поени, SFI ќе ве награди со дополнителни 200. За првиот повисок ранг ЕА (Executive Affiliate – извршен соработник) ви се потребни 1500 поени кои треба да ги освоите во тековниот месец. Овие поени во првиот месец можат да се добијат целосно бесплатно со извршување на едноставни задачи чија цел е подобро запознавање со програмата.
По најавата на вашиот профил кликнете на вториот линк од лентата со црвени табови TO-DO List. Оваа страна потребно е да ја отворате секој ден за да ги прегледате дневните задачи. Задачите се поделени на делови. Одредени задачи се извршуваат само еднаш и по нивно завршување ќе исчезнат од листата. Другите задачи се дневни, неделни, месечни и неограничени и тие секогаш ќе бидат дел од листата.
Почетните поени во првиот дел се собираат од следните делоови:
DAILY ACTIONS: Овие се дневните задачи кои треба да се извршуваат секој ден и ќе ви донесат 10 поени. За да добиете по еден поен од секоја страна потребно е одкако ќе клкнете на линкот да почекате неколку секунди. Најдолу на страната ќе се појави едно копче за потврда. Кликнете на него и освојте 1 поен. Тука се наоѓа и страната ASK SC. Овде се наоѓаат прашања од членови и одговори. Ваша задача е да гласате на одговорите. Најпрво кликате на линкот со кој потврдувате дека сакате да гласате. По појавување на одговорот чекате неколку секунди за да се појават копчињата за гласање. По гласањето страната се рефрешира и се појавува следниот одговор. Потребно е да гласате на мин. 10 одговори за да освоите 1 поен. Ви порепорачувам секогаш да гласате на дополнителни 20 одговори (вкупно 30). Со ова добивате можност за дополнително учество во наградни игри. Игрите ќе ги објасниме подоцна.
GETTING-STARTED ACTIONS: Во овие задачи се вклучени пополнување на профилот, додавање на слика, членство во TripleClicks и a2a, Like и Follow на Facebook и Twitter како и преглед на неколку страни. За да ги добиете поение за преглед на страните важи истото правило како за Daily Actions. За поените од Twitter потребно е кај задачата да го внесете вашето корисничко име за потврда.
INTERMEDIATE ACTIONS: Овде има 20 задачи кои носат по 10 поени. Тоа се страни кои е препорачливо да ги разгледате бидејќи содржат корисни информации за програмата. За да ги добиете овие поени потребно е на отворената страна да кликнете на зелениот триаголник во горниот десен агол. Овде се наоѓа и задачата додавање на банер на TripleClicks на вашата веб страна или личен блог. Ако немате блог ви препорачувам да креирате бесплатен блог на wordpress.com или blogger.com. Креирањето на блогот е бесплатно и многу лесно. Не мора да пополнувате содржини. Објавете го блогот и поставете го банерот. Потоа кај задачата внесете ја адресата на блогот за да се потврди внесениот банер. Освен освоените поени, пожелно е да креирате сопствен блог посветен на SFI на кој ќе поставите реклама со вашите линкови за регрутација на членови.
Преостанатите поени можете да ги освоите со клик на зеленото копче LAUNCHPAD кое се наоѓа горе десно под вашата слика од профилот. На оваа страна се наоѓаат линковите до 30 лекции. Потребно е да ја прочитате лекцијата со корисни информации и најдолу да одговорите на поставеното прашање. Прашањата се многу лесни а одговорот се наоѓа во лекцијата. Со секој точен одговор можете да освоите 15 поени. Не е потребно да ги решавате одеднаш сите задачи. Кога ќе освоите збир од 1500 поени оставете ги преостанатите задачи за следниот месец.
Кога ќе завршите со собирањето на поени за тековниот ден ви препорачувам да прочитате некои страните каде што се објаснети основите на SFI.
Getting Started With Your SFI Business
Планот за компензација
Споредба меѓу членови со различни статуси

Во SFI ја цениме локалната и регионалната поддршка на членовите кои се во нашиот downline тим (членови кои се во нашиот тим но под нас) и во нашиот upline (членовите од тимот кои се над наш и се наши тим лидери). Членовите од нашиот тим добиваат пристап до форум (кој е од затворен тип) и во кој можат да научат многу од поискусните членови, да поставуваат прашања, да присуствуваат на webinar-и, членство во затворени Facebook групи и слично.


Начини на заработка во SFI

За да го сфатите компензацискиот план на SFI треба прво да разјасниме што е CV (Commission Volume). Секој продукт во TripleClicks има своја CV вредност. Оваа вредност се одредува со маргината на продуктот (ова е разликата помеѓу набавната и продажната цена на продуктот). Колку е поголема маргината толку е поголема CV вредноста.
Во SFI се заработува на повеќе различни начини.
1. Директна заработка од продажби
Секогаш кога SFI член кој вие лично сте го препорачале или TripleClicks член кој се регистрирал преку вас купат нешто од TripleClicks продавницата вие заработувате 45% од CV вредноста на купеното.
SFI програмата за Директна заработка е могу моќна бидејќи кога еднаш некој член ќе се зачлени преку ваш линк, тој станува ваш доживотен муштерија. SFI се грижи за процесирање на нарачките, наплата, испорака и корисничка грижа и за вас тоа е целосно бесплатно.
Дополнително: За нарачки од TripleClicks член кој се регистрирал преку вас вие исто така ги добивате VP поените кои се асоцирани со производот. Од тоа заработувате и дополнителни акции од TripleClicks Executive Pool!
Инаку секој производ кој се продава во TripleClicks освен одредена цена има и одреден број на асоцирани VP поени. На пример еден артикал може да се продава за 5 долари и да има асоцирани 75 VP поени.
Пример за заработка: TripleClicks член кој се регистрирал преку вас купува артикли со CV = 23$ и 1725 VP асоцирани поени. Вие заработувате 10.35$ директна провизија (45% од 23$) и 1725 акции од TripleClicks Executive Pool.
Во овој дел спаѓаат и препорачаните членови за учество во PriceBenders Аукциите. Во тој случај заработувате од продажбата на TCredits плус асоцираните VP поени.
Совет: Ако сакате да вложите во маркетинг на вашиот бизнис а немате идеа каде или не знаете да пишувате огласи, тогаш најдобар начин да го направите ова е со учество во S-Builder Co-op.
https://www.sfimg.com/PowerTools/SBuilder
S-Builder е интернационална мулти-канална маркетинг програма. Во принцип значи здружување на парите на учесниците за купување на поголем и поскап маркетинг простор за огласување. Вие само купувате учество во програмата и потоа чекате да ви дојдат PSA и TripleClicks членови добиени со S-Builder-то. SFI се грижи за местатаи начините на маркетинг за да добиете најголема вредност за вложените пари. Сите членства кои ќе се добијат од рекламата се распределуваат еднакво меѓу сите учесници во програмата.
Учеството се купува по цена од 24 долари (околу 1100 денари) од TripleClicks. Дополнително добивате и 280 VP.
Одговори на често поставувани прашања:
https://www.sfimg.com/Support/index?category=26444&folder=42430
2. TripleClicks Executive Pool
Оваа програма на SFI овозможува едноставен, лесен профитабилен приход секој месец за сите членови. Парите доаѓаат од заработката што ја има SFI од TripleClicks  веб продавницата.
Како да учествувате во распределба на акциите:
За секој VersaPoint (VP) кој ќе го заработите во тековниот месец ќе добиете по една акција од целата вкупна месечна сума што е на располагање. Колку повеќе поени соберете толку повеќе ќе заработите од TripleClicks Executive Pool.
За да заработите уште повеќе VP од членовите во вашиот тим под вас (ова се вика Matching VP) станете Тим Лидер
а) Како Bronze Team Leader, вие добивате збир од исто толку поени, колку што собрале сите ваши членови со статус EA2 или повисок (EA2 е некој што потврдил EA статус два месеци) и тоа на 6 нивоа длабочина (значи и вашите директни членови, и од членовите на вашите членови, и од нивните членови … и така 6 нивоа). Овде се вклучени сите PSA и сите CSA членови (и лично добиените и поклонетите).
б) Како Silver Team Leader, вие добивате збир од исто толку поени, колку што собрале сите ваши членови со статус EA2 или повисок (EA2 е некој што потврдил EA статус два месеци) и тоа на 8 нивоа длабочина (значи и вашите директни членови, и од членовите на вашите членови, и од нивните членови … и така 8 нивоа).Овде се вклучени сите PSA и сите CSA членови (и лично добиените и поклонетите).
в) Како Gold Team Leader, вие добивате збир од исто толку поени, колку што собрале сите ваши членови со статус EA2 или повисок (EA2 е некој што потврдил EA статус два месеци) и тоа на 10 нивоа длабочина (значи и вашите директни членови, и од членовите на вашите членови, и од нивните членови … и така 10 нивоа).Овде се вклучени сите PSA и сите CSA членови (и лично добиените и поклонетите).
г) Како Platinum Team Leader, вие добивате збир од исто толку поени, колку што собрале сите ваши членови со статус EA2 или повисок (EA2 е некој што потврдил EA статус два месеци) и тоа на 12 нивоа длабочина (значи и вашите директни членови, и од членовите на вашите членови, и од нивните членови … и така 12 нивоа).Овде се вклучени сите PSA и сите CSA членови (и лично добиените и поклонетите).
Пример: Вие имате статус на STL (Silver Team Leader). Вашите членови со минимум статус EA2 во 8 нивоа длабочина имаат вкупно собрано 57500 VP овој месец. Вие дополнително од вашите лично собрани поени ги добивате плус и сите 57500 VP и заработувате толку акции од TripleClicks Executive Pool.
Еве еден калкулатор со кој можете приближно да процените колку пари би заработувале зависно од тоа колку од вашите членови ќе стануваат EA секој месец
https://www.sfimg.com/PopUp/EarningsCalculator
Забелешка: За да ги добивате овие поени од вашите членови мора секој месец да го задржувате статусот на Тим Лидер и да ја одржувате Лидерската страна на сајтот.
3. Заработка од CSA
Секогаш кога член на SFI  на кој вие сте му ко-спонзор (тоа се зелено обоените членови во табелата кои ги добивате на поклон) купи или продаде нешто од TripleClicks вие заработувате 15% од заработката (CV вредноста).
Ако сте Тим Лидер тогаш добивате VP поени (ова се вика Matching VP) и од сите ваши CSA членови со статус EA2 или повисок.
Како да добиете CSA членови:
а) Минимум двајца CSA членови ви се доделуваат секој месец во кој сте со статус EA – и тоа околу 12-ти во месецот.
б) Можете да освоите CSA членови секој ден во наградната игра Daily Grand
в) CSA членови можете да освоите со учество на PriceBenders аукциите.
г) CSA членови можете да освоите секој ден во извлекувањата меѓу финалистите на  Entrepreneur365 наградната игра
д) Секој месец илјадници CSA членови се прераспределени и имаат потреба од нов ко-спонзор. (Ако во еден месец сте биле EA а потоа следниот не го задржите статусот, сите поклонети CSA членови ви се одземаат и се доделуваат на друг).
Станете Тим Лидер за да добиете голем дел од овие членови.
  • Бронзен Тим Лидер добива еден пакет CSA членови
  • Сребрен Тим Лидер добива два пакети CSA членови
  • Златен Тим Лидер добива три пакети CSA членови
  • Платинест Тим Лидер добива четири пакети CSA членови
Овие членови се доделуваат околу 15-ти од месецот во следниот месец по освојување на лидерскиот статус.
Важна напомена: За да ги задржите сите освоени CSA членови мора секој месец да потврдувате најмалку EA статус. Ако во некој месец не успеете да соберете барем 1500 поени за EA статус ги губите сите освоени CSA членови.
4. Бонус TCredits
TCredits се на некој начин валутата за трговија на TripleClicks веб продавницата.
  • Со нив можете да купите нешто од продавницата (ако имате собрано доволен број кредити можете место со пари да платите со нив)
  • Со нив можете да учествувате на PriceBenders аукциите и да се наддавате за брендирани производи со попусти до 99%
  • Можете како член на SFI да листате нешто на продажба во TripleClicks веб продавницата. Ви треба по еден кредит за секој производ што сакате да го објавите за продажба. (Ова не важи ако некој направи бесплатна регистрација за ECA програмата за да се регистрира како постојан продавач. Тогаш не се потребни кредити за продавање.)
  • Можете да ги поклонувате на членовите од вашиот тим како поттик за добрата работа и како награда
Секој месец ви се доделуваат TCredits како дел од компензацискиот план на SFI и тоа:
  • 10 TCredits ако сте со статус EA2
  • 12 TCredits ако сте со статус BTL
  • 14 TCredits ако сте со статус STL
  • 16 TCredits ако сте со статус GTL
  • 20 TCredits ако сте со статус PTL
5. ECA Програма
Препорачувајте клиенти да се зачленуваат во програмата на TripleClicks наречена E-Commerce Associate (ECA) Program и освојувајте VP поени и проценти од продажби засекогаш.
Едноставно, размислете дали познавате трговци кои би можеле своите производи да ги објават на интернет продавница. Производите можат да бидат физички предмети а можат да бидат и дигитални како на пример електронски книги (e-books).
Потоа предложете им да се зачленат во ECA програмата преку вашиот линк (ќе го најдете во My Gateways). Одкако ќе биде одобрена пријавата ќе заработувате по 10% од заработката од продажбата на секој нивни производ, плус асоцираните VP поени за производот.
Дополнително SFI ќе ве награди со 100 VP поени првиот пат кога продавачот ќе продаде артикли во вредност од 10 долари.
Оваа програма е многу моќна за членовите на SFI бидејќи ваша работа е само да му препорачате на некого да се зачлени бесплатно во ECA програмата за да си ги продава артиклите. Потоа вие веќе немате никаква работа со него, а ќе добивате по 10% + асоцирани VP поени од секоја негова продажба.
Совет: Ако некогаш вие купите нешто од тој продавач преку TripleClicks, следниот месец SFI ќе ви исплати назат 10% од продажбата + асоцирани VP поени што значи исто како  да сте купиле на попуст
Ако вие препорачате некој да купи нешто од TripleClicks од ECA кој исто вие сте го препорачале тогаш вашата заработка ќе биде 45% + 10% = 55% од заработката.
6. SFI Pay-Per-Action
SFI Pay-Per-Action (SFIPPA) е опционална програма која е овозможена на сите членови на SFI со која SFI ви плаќа пари за да го рекламирате.
Во моментов има само една активна SFIPPA програма:
- Зачленување на нови членови во SFI
Ако се пријавите за оваа програма зачленувањата во SFI што ќе бидат преку вас ќе бидат со друг линк и тие нови членови нема да влегуваат во вашиот тим.
Вас ќе ви бидат исплаќани бонуси за секое зачленување зависно од одредени услови
Повеќе за овие услови можете да прочитате овде
https://www.sfimg.com/SFIPPA-a
Заклучок:
Од SFI се заработува на дури 6 начини:
Директна заработка од продажби
  1. TripleClicks Executive Pool
  2. Заработка од CSA
  3. Бонус TCredits
  4. ECA Програма
  5. SFI Pay-Per-Action
Можноста за остварување на продажби ви е овозможена преку веб продавницата TripleClicks која има повеќе од 90 000 различни производи кои се продаваат преку интернет во повеќе од 130 држави во светот.
Заработените пари ви се исплаќаат на Payoneer™ MasterCard картичка која важи на сите банкомати и во сите продавници и во земјава и во странство. Исто така по желба и барање парите можат да се исплатат и на PayPal сметка.
Нема никаква граница за тоа колку можете да заработите. Најлесно ќе биде да се свати ова ако замислите дека TripleClicks е ВАША продавница. ВИЕ имате продавница со 90 000 производи кои можете да ги продавате на клиенти во 130 држави. Од секоја продажба добивате 45% од заработката (од CV вредноста). Единствена разлика од оваа и било која друга продавница е што за оваа немате никакви трошоци околу одржувањето, продажбите, услужувањето на клиените, наплатата… Со тоа вие немате никаков ризик во овој бизнис. Сето тоа SFI го врши бесплатно за вас. Вие само добивате процент од профитот.
Како пример замислете дека поседувате ваша продавница во вашето место на живеење (парфимерија, бутик, книжарница…) Зарем на вашите познаници нема да им препорачате да дојдат да пазарат кај вас? Зарем ќе им препорачате да пазарат кај конкуренцијата? На крај дали и вие самите ќе отидете да ги купите во туѓа продавница работите кои секојдневно ви требаат во животот?
Сликовит пример за заработка од TripleClicks:
Некој кој вие сте го препорачале се зачлени во TripleClicks со ваш линк  реши да го купи овој часовник со малопродажна цена од 9.99$ (по денешен курс околу 450 денари).
CV вредноста (заработката) на часовникот е 3.25$. Вашиот дел е 45% = 1.46$ (Direct Commissions DC). Асоцираните поени се 243 VP
Значи вашата добивка од продажбата е 1.46$ + 243 VP 

Започни да заработуваш сега

Ако сакаш да за почнеш да заработуваш започни уште веднаш. Регистрирај се сосема бесплатно. Детални упатсва за работа имате на овој блог или слободно пишете ни за помош.
РЕГИСТРИРАЈ СЕ СЕГА:

КЛИК



Ако имате имате производи кои сакате да ги продавате на интернет, отворете си интернет продавница, сосема бесплатно:

Регистрирај интернет продавница



Купете си лаптоп, i-phаd, камера или друго со намалување од 90% на аукција:

Земи со намалување од 90% сега

Што е SFI?

SFI (Strong Future International) Marketing Group е компанија која постои од 1998 год. Почнала со само еден производ кој се продавал во САД, за денес да има интернет продавница со преку 90 000 производи кои се продаваат во преку 190 држави во светот.
SFI била создадена со цел секој со компјутер и интернет пристап да може да се вклучи во светската e-commerce револуција. Секој човек кој е полнолетен во својата држава може да стане член на SFI потполно бесплатно која се врши со пополнување на online форма за регистрација. Не постои никаква обврска, ниту барање за било какво плаќање.
По регистрацијата, на членовите им се обезбедуваат бесплатни веб страни за маркетинг на SFI продуктите. Исто така се обезбедени сите потребни сервиси за поддршка на продажба, како клиентска услуга, обработка на уплата и испорака на производи. За секоја остварена продажба членовите добиваат процент од заработката. Дополнителни бонуси и заработки се добиваат со создавање и водење на тимови.